СПАСОВСКИ, Стево

СПАСОВСКИ, Стево (Скопје, 25. Ⅺ 1940 – 30. Ⅲ 20008) – актер. Член во Младинско-детскиот театар (1959–1962), во Драмата на МНТ (1962–1964), а од 1964 г. до пензионирањето во Драмскиот театар во Скопје. Настапувал и во ТВ драми, во серии, на радиото и на филмот. УЛОГ: Алексеј („Среќен пат“), Бошко („Бегалка“), Владимир („Владимир и Косара“), Херцог („Диво месо“), Ице Терзијата („Јане Задрогаз“), Стрезо („Тетовирани души“), Петар („Кула Вавилонска“), Хаџи Славковиќ („Косанчиќев венец“). Р. Ст. Мустафа Спахиу