СПАСОВСКИ, Милан

СПАСОВСКИ, Милан (Скопје, 24. Ⅲ 1951) – кајакар на диви води. Завршил Електромашински училиштен центар во Скопје (1970). Бил член на КК „Мирче Ацев“ во Скопје (од 1965). Тој е повеќекратен јуниорски и сениорски првак на Југославија во спуст и слалом на диви води (1968–1974). Успешно настапил на седум меѓународни натпревари (1969–1974). Бил учесник на неколку светски првенства, а негов најдобар резултат е шестото место во слалом 3 × Милан Спасовски К-1 во Скопје (1975). На олимписките игри во Аугзбург (Германија, 1972) зазел деветто место. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1972). Д. С. Стево Спасовски