СПАСОВСКА, Сузана

СПАСОВСКА, Сузана (Скопје, 24. Ⅷ 1964) – интерпретаторка на народна и популарна музика. УШТЕ од дете настапувала во голем број хорски ансамбли и пејачки групи. Подоцна постигнала извонредна пејачка кариера, интерпретирајќи неколку стотини народни и авторски фолк песни. Гостувала во неколку десетини земји од целиот свет, а настапувала и со ансамблот „Танец“ во многу светски концертни сали, меѓу кои и во Сиднејската оперска куќа (2003). Нејзиниот кристално чист глас, беспрекорната интонативна сигурност и чувството за интерпретација ја промовираа во врвна интерпретаторка на бисерите на македонскиот музички фолклор. М. Кол.