СПАСОВДЕН

СПАСОВДЕН – христијански православен празник Вознесение Христово (Спасовден). Спаѓа во големите Господови празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по Воскресението Исус им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето с“ уште се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ и си отпоздравуваат со „Вистина воскресна“. Иако како празник бил востановен уште во апостолските времиња, долго време не се празнувал одделно на четириесеттиот ден од Воскресението, туку во Икона: „Вознесение Христово“, црква „Св. Петка“, Маловишта (ⅩⅠⅩ в.) Педесетницата, каде што биле слеани повеќе спомени. На овој ден луѓето ги посетуваат црквите што го носат името „Св. Спас“ и носат подароци, а некои преспиваат под иконата. ЛИТ.: Лазар Мирковиќ, Хеортологија, Београд, 1961. М. Кит. Сузана Спасовска