СПАСИЌ, Владимир

СПАСИЌ, Владимир (Пирот, Србија, 2. Ⅹ 1892 – Белград, 16. Ⅳ 1972) – педагог, универзитетски професор. Завршил учителска школа (Јагодина) и Виша педагошка школа (Загреб, 1923). Педагошки науки студирал на Универзитетот во Јена (Германија), каде што и докторирал (1927). Работел како средношколски и универзитетски професор. На Филозофскиот факултет во Скопје предавал Методика на основношколската настава (1958–1967), вршејќи ја истовремено и функцијата раководител на Групата за педагогија. Најпознатите трудови ги напишал меѓу двете светски војни. БИБ.: Увод у нову педагогику и савремено васпитање, 1929; Увод у нову школу и савремену наставу, 1930; Педагошки појам рада или рад као опште васпитно средство, 1930; Стара и нова школа, 1935 и др. ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 75. К. Камб.