СПАСЕ, Илинден Стерјо

СПАСЕ, Илинден Стерјо (Илинден Спассе Стерјо) (с. Глобочани, Мала Преспа, Република Албанија, 1942) – педагог и писател. Основно образование завршил во родното место, а дипломирал филологија на Универзитетот во Тирана. Докторирал од областа на педагогијата. Бил стручен соработник во Институтот за филологија и образование и виш научен советник во Институтот за педагогија во Тирана. Син на познатиот албански писател од македонско потекло – Стерјо Спасе. Од 1964 г. повремено пишува проза (на албански и на македонски јазик). БИБ.: Девојката од павилјонот, 1970; Обнова, 1972; Им атш Стерјо, Тиранë, 1995; Мо-јот татко, Стерјо, 1995. А. П. Стерјо Спасе