СОЈУЗ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

СОЈУЗ НА МУЗИЧКИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА – организација на музичките уметници; од 1997 г. со статус на здружение на граѓани. Формиран на 19. И 1947 г., во склоп на Здружението на музичарите на РМ. Од 1949 г. дејствува самостојно, како Друштво на репродуктивните уметници (подоцна Сојуз на музичките уметници). Одигра значајна улога во втемелувањето на музичките институции и на концертниот живот во РМ. Ја доделува наградата „Златна лира“ за најистакнат македонски музички уметник во годината. Остварува и музичко-издавачка дејност, како и професионална комуникација со сродни организации и институции во земјата и во странство. Сн. Ч.-Ан. СОЈУЗ НА ПЕДАГОШКИТЕ ДРУШТВА НА МАКЕДОНИЈА