СОЈУЗ НА БУГАРСКИТЕ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ

СОЈУЗ НА БУГАРСКИТЕ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ (1908 –1909). По победата на Младотурската револуција и по воспоставувањето уставно уредување со директно ангажирање на Владата на Бугарија и на Бугарската егзархија во Македонија биле основани бугарските конституциони клубови, кои се обединиле во Сојуз како единствена политичка организација, експонент на бугарската државна политика. Сојузот официјално декларирал дека ќе дејствува за зачувување на целоста и на општите интереси на османлиската држава. Главни програмски барања биле: нова административна поделба, со групирање на населението според националната припадност, и општинска самоуправа. ЛИТ.: Манол Пандевски, Политичките партии и организации во Македонија (1908-1912), Скопје, 1965. М. Мин. СОЈУЗ НА ДРУШТВАТА НА ИСТОРИЧАРИТЕ НА РМ