СОШКА, Теодор

СОШКА, Теодор (1876–1948) – ботаничар, кој во периодот меѓу двете светски војни ја проучувал флората на клисурите во Македонија и објавил неколку флористички трудови што се однесуваат на клисурите на реките Вардар, Треска, Пчиња, Брегалница, Црна Река, како и на локалитетите Јама-Бистра, Крчин, Буковиќ кај Гостивар и околината на Прилеп. Вл. М.