СОЦИЈАЛИСТИЧКИ СОЈУЗ НА РАБОТНИОТ НАРОД НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИСТИЧКИ СОЈУЗ НА РАБОТНИОТ НАРОД НА МАКЕДОНИЈА (1953–1991) – масовна општествено-политичка организација произлезена од организацијата Народен фронт. Поради инсистирањето на социјалистичкото уредување во општеството, во 1953 г. неговото име било променето во Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ). Била продолжена рака на СКМ за остварување на нејзините пропагандни цели, особено во времето на еднопартиските избори. Во надлежност $ биле давани и разни други политички и пропагандни задачи. Поради тоа, во актите описно била нарекувана „организиран фронт на социјалистичките сили на чело со СКМ“. Во 1991 г., како резултат на новиот повеќепартиски систем во Република Македонијасе трансформирала во нова политичка партија со името Социјалистичка партија на Македонија. ЛИТ.: Д-р Лазар Лазаров, Општественополитичките организации во обновата и изградбата на НР Македонија 1944-1948, Скопје, 1979; Општествено-економскиот развој на НР Македонија во периодот на обновата и индустријализацијата (1944-1957), Скопје, 1988; Д-р Новица Велјановски (со коавтори), Запознајте ја Македонија, Скопје, 2001. Н. В. 28-та народна кујна на Министерството за труд и социјална политика