СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНИЈА – политичка партија, основана на 14. Ⅸ 1990 г. Во првиот парламентарен состав (1990–1994) имаше четворица пратеници, во вториот (1994– 1998) шестмина, во третиот (1998 –2002) и во четвртиот (2002–2006) по еден пратеник и во петтиот парламентарен состав (2006–2008) тројца пратеници. СПМ беше дел од Владата на Република Македонијаод 1994 до 1998 г., во периодот на широката коалиција (2001–2002), како и од 2006 г. Прв претседател на СПМ беше Киро Поповски (1990–1996), а втор Љубиша Иванов (од 1996). ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990 – 2002, Едитион Сигма, Берлин, 2005; Гордана Силјановска-Давкова, Македонске политицке партије, Фриедрицх Еберт Стифтунг, Београд, 2007. Ѓор. Ив.