СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА – политичка партија, основана на 20. Ⅳ 1990 г. како наследник на Сојузот на комунистите на Македонија. Во првиот парламентарен состав (1990–1994) Партијата имаше 31 пратеник, во вториот (1994–1998) 62, во третиот (1998–2002) 28, во четвртиот (2002–2006) 38 и во петтиот состав (2006–2008) 23 пратеници. СДСМ ја формира Владата на Република Македонијаод 1992 до 1998 г., како и во периодот од 2002 до 2006 г, а учествуваше и во Владата на широката коалиција (2001–2002). Претседател на СДСМ, од нејзиното формирање до 24. Ⅺ 2004 г., беше Бранко Црвенковски, по него дојде Владо Бучковски, кој на 5. Ⅺ 2006 г. беше заменет од Радмила шеќеринска. Преку отцепување од СДСМ, се формирани Демократската партија (1993), на че-ло со Петар Гошев, и Новата социјалдемократска партија (2006), на чело со Тито Петковски. СДСМ е полноправен член на Социјалистичката интернационала и е асоцијативен член на Партијата на европските социјалисти. ЛИТ.: Светомир Скариц, Демоцратиц Елецтионс ин Мацедониа, 1990–2002, Едитионс Сигма, Берлин, 2005; Гордана Силјановска-Давкова, Македонскеполитичкепартијекрозпризмуидеологије, Фриедрицх Еберт Стифтунг, Београд, 2007. Ѓор. Ив. „СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА