СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА (1909) – основани по воведувањето на уставното парламентарно уредување во османлиската држава. Биле формирани Скопската социјалистичка организација и Солунската федерација, а такви организации биле формирани и во Битола, Велес, Струмица, Гевгелија и Тетово, кои дејствувале самостојно и пројавиле забележителна социјална и синдикална дејност. Во 1910 г. во Солун бил свикан конгрес за формирање Социјалистичка партија, но, поради мешањето на надворешните партии, не била формирана. ЛИТ.: Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив. Амблемот на СДСМ