СОФРОНИЈ

СОФРОНИЈ – охридски архиепископ (ок. 1567–1572). Бил наследник на архиепископот Паисиј. Познато е негово писмо до цариградскиот патријарх Јеремиј Ⅱ (1572), во кое се жали за негодувањето на архијереите против него. Спомнат е и во еден натпис на ѕидот над западната црковна врата во Кичевскиот манастир „Св. Пречиста“.
ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 68. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *