СОФРОНИЕВСКИ, Томо

СОФРОНИЕВСКИ, Томо (Тетово, 18 Ⅳ 1920 – Скопје, ноември 2007) – работник, првоборец и политичар. Како припадник на работничкото движење (1938), бил член на КПЈ (1940), еден од организаторите на НОБ во Тетово и Тетовско (1941), секретар на МК на КПЈ и член на Воениот штаб на МК на КПЈ во Тетово. Подоцна бил и член на ОК на КПЈ (1942–1943) и на Првиот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на штабот на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на НО баталјон „Орце Николов“ (1943) и командант на Военото подрачје за Кичево и Тетово (1944). По Ослободувањето извршувал разни општествени функции. Бил претседател на СЗБ од НОВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941. ЛИТ.: ДАРМ – Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив.