СОТИРОВСКИ, Паскал

СОТИРОВСКИ, Паскал (с. Врбен, Гостиварско, 23. Ⅺ 1927 – Париз, 20. Ⅱ 2003) – астроном, член на МАНУ надвор од работниот состав (1991). Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје на Групата за физика (1957), а потоа и за астрофизика во Париз (1964). Докторирал (1971) во Париз со тема од областа на физиката на Сонцето. Пред заминувањето во Франција, кратко време работел на ПМФ, но и потоа бил во постојан контакт со татковината. Работел во Опсерваторијата во Медон крај Париз, главно на изучувањето на зрачењето што потекнува од површината на Сонцето. Објавил таблици на спектрите од двоатомни молекули присутни на сончевата површина. ЛИТ.: 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 203. В. Ур.