СОСК

СОСК – средновековен град, тема, разурнат по наредба на царот Василиј Ⅱ (1018), доделен на управа на византискиот благородник Сфранцес Палеолог (1334). Се лоцира на патот помеѓу Острово и Кајлари, во подножјето на пл. Каракамен, кај селото Катраница (Пирги), каде што и денес е зачуван топонимот Град. ЛИТ.: Т. Томоски, Каде лежел средновековниот град Соск?, Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ.