СОРОС, Џорџ

СОРОС, Џорџ (Будимпешта, Унгарија, 1930) – инвеститор, филантроп и филозоф. На седумнаесетгодишна возраст емигрирал во Англија (1947), каде што дипломирал на престижната Тхе Лондон Сцхоол оф Ецономицс. Тука се запознал со теоријата за отворено општество на филозофот Карл По-пер и ја прифатил како нејзин постојан поддржувач. Подоцна се преселил во САД (1956), каде што го основал Меѓународниот инвестиционен фонд „Љуантум Гроуп“. Потоа следело основањето на неговата прва фондација – Фондот отворено општество во Њујорк (1979) и на првата Источноевропска фондација во Будимпешта (1984). Наскоро станал своевиден синоним за филантропија во светската историја на донаторството. Во мрежата на неговите фондации за отворено општество сега се вклучени 31 држава од Централна и Источна Европа, од некогашниот Советски Сојуз и Централна Азија (Монголија), како и од Јужна Африка, Хаити, Гватемала и САД. Фондациите имаат цел да ја градат и одржуваат инфраструктурата и институциите на отвореното општество. А освен фондациите, има основано и неколку други значајни институции, како што се Централноевропскиот универзитет во Будимпешта и Меѓународната фондација за наука. За таа цел од 1994 г. се потрошени над 2 милијарди долари. Автор е на голем број објавени прилози за политичките и економските промени во Источна Европа и во Советскиот Сојуз. За неговите напори да го промовира и поддржува отвореното општество, прогласен е за почесен доктор на науките на универзитетите Јејл, Оксфорд, Новата школа за социјални истражувања и на Економскиот универзитет во Будимпешта, а е добитник и на највисоката почест на Универзитетот во Болоња –Лауреа Хонорис Цауса. Неговото име е страв и трепет за финансиските пазари низ светот. Тој е еден од најбогатите луѓе. Познато е неговото уривање на британската фунта во почетокот на деведесеттите, неговата закана за малезиската валута и др. Преку филијалата во Скопје финансира низа проекти на граѓани и организации од РМ. БИБ.: Тхе Алцхемѕ оф Финанце, 1987; Опенинг тхе Совиет Сѕстем, л990; Ундерњритинг Демоцрацѕ, 199л; Сорос он Сорос: Стаѕинг Ахеад оф тхе Цурве, 1995; Тхе Црисис оф Глобал Цапиталисм, ноември 1998. С. Мл.