СОПИШТЕ

СОПИШТЕ – село во Скопско. Се наоѓа на југоисточните падини на планината Водно, на надморска височина од околу 500 м. Со Скопје е поврзано со редовна градска автобуска линија. Има 5.325 ж., од кои 5.255 се Македонци, 39 Срби и 11 Власи. Населението се занимава со одгледување житни култури Село Сопиште и лозарство. Тоа е седиште на општина што зафаќа површина од 22.210 ха, со 13 населени места, во кои живеат 9.522 ж. Во селото постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст. Џорџ Сорос