СООБРАЌАЈ

СООБРАЌАЈ – значајна дејност за развој на вкупното стопанство, која во изминатиот период бележи мошне нерамномерен развој. До Втората светска војна единствено беше развиен железничкиот сообраќај. Патниот сообраќај, поштата и телекомуникациите беа слабо развиени, примитивно организирани и се одвиваа по земјени патишта и со запрежни средства. Во повоениот период, општиот развој на сообраќајната дејност беше нерамномерен, повеќе од оној на вкупното стопанство. Водниот (езерскиот) сообраќај беше неразвиен, а цевководниот не постоеше. Значајни сообраќајни гранки во Македонија беа: железничкиот, патниот, градскиот, воздушниот, поштенскиот и телекомуникацискиот сообраќај. Главните железнички линии во Македонија биле изградени уште во втората половина на ⅩⅠⅩ в. Тоа беа железничките линии: СолунСкопје (1874), Скопје–Ристовац (1888), СолунБитола (1894), ВелесШтипКочани (1926) и ВелесБитола (1936). По Втората светска војна е изградена линијата СкопјеКичево (1952) и Бакарно Гумно–Сопотница (1955). Вкупната должина на изградените линии со нормален колосек изнесува 697 км. Должината на електрифицираната железница изнесува само 189 км (Ристовац–СкопјеГевгелија). Железницата располага со околу 2.400 вагони, со тенденција за нивно намалување. Превозениот број патници бил најголем во 1965 г. (8.455.000), а потоа, со развојот на патниот сообраќај, значајно се намалува. Превозот на стоки бил најголем во 1984 г. (9.896.000 тони), а во наредниот период и тој се намалува. Поради општите објективни околности, железничкиот сообраќај влезе во криза, па затоа опаѓа значењето на оваа дејност. Некои линии се напуштени од експлоатација. По Втората светска војна Македонија наследи многу слабо развиен патен сообраќај: во 1945 г. имаше само 5 км асфалтиран пат и 30 км патишта со камени коцки. Другите патишта беа земјени или макадамски. Во Македонија во 1947 г. сообраќаа само 856 камиони, 53 автобуси и 286 автомобили. Подемот на развојот на патниот сообраќај започна во шеесеттите години на минатиот век, а потоа течеше брзо и далеку го надмина железничкиот. Во 2005 г. во Македонија има 906 км магистрални патишта, 3.643 км регионални, 216 км автопати, 548 км меѓународни „Е“ патишта и 8.566 км локални патишта; има 14.702 камиони, 2.269 автобуси, 253.234 автомобили. Бројот на превозените патници во јавниот сообраќај за 2005 г. изнесува 1.990 милиони, а количествата на превозени стоки се 4.460 милиони тони. Брз расСообраќајната инфраструктура во Република Македонија теж доживува и бројот на автомобилите, а со тоа и превозот со нив. Во 1950 г. биле регистрирани 353 патнички автомобили, во 1984 г. – 235.311, а во 2005 г. – 253.234. Градскиот сообраќај најмногу се разви во поголемите градови, пред с“ во Скопје и во Битола. Во веќе наведената година има над 202 автобуски линии и околу 806 автобуси за превоз на патници. Авионскиот сообраќај во изминатиот период бележеше слаб развој. Двата аеродрома (во Скопје и во Охрид) ниско се рангирани и не ги задоволуваат потребите. Во текот на 1999 г. се превозени 1.052.000 патници, а 2005 г. само 575.000. Поштата во Македонија имаше бавен пораст, но беше главно средство за врски с“ до седумдесеттите години на минатиот век. Малиот број пошти опслужуваа поголем број корисници во споредба со европските и светските стандарди. Телекомуникацискиот сообраќај, посебно мобилната телефонија, во последниве години доживеа вистински „бум“. Во текот на 2005 г. бројот на телефонските претплатници (фиксни приклучоци) достигна 553.185, а бројот на мобилните приклучоци 1.261.328. Последниве години брзо се развива и електронската комуникација, бројот на интернет-корисниците на крајот од 2006 г. го надмина износот од 390.000 (19% од вкупната популација на Македонија). Учеството на сообраќајот, складирањето и врските во вкупниот БДП на земјата изнесува: 8,4% (2002), 8,4% (2003) и 7,8% (2004). ИЗВ.: Статистички годишник на Република Македонија, Државен завод за статистика, за соодветните години. ЛИТ.: Никола Узунов, Стопанството на Република Македонија 1945–1950, МАНУ, Скопје, 2001. Д. Н. Хисни Сопај