СОМАТОФИЛАКСИ

СОМАТОФИЛАКСИ (соматофилакес) – телесна стража, телохранители од највисок ранг во времето на Александар Ⅲ Македонски. Се сметала за особено почесна должност за хетајрите. Тие деноноќно чувале стража околу кралот. Најпрвин биле седум, а по враќањето од Индија осум. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М. Р.