СОЛУНСКО КРАЛСТВО

СОЛУНСКО КРАЛСТВО (1204– 1224) – латинска крстоносна држава, со центар во Солун, ја основал главниот водач на Четвртиот крстоносен поход маркизот Бонифациј Монфератски (1204–1207). Ги опфаќала Јужна и Источна Македонија, Тесалија, Средна Грција и Пелопонез. По смртта на Бонифациј, на престолот дошол неговиот малолетен син Димитриј (1207–1224), кој бил крунисан за крал (1209) и владеел со регенти. По смртта на латинскиот цар Хенрих (1216), голем број рицари се вратиле на запад, а Солун го напуштила и кралицата Маргарите, која се вратила во Унгарија (1223). Кралството немало сили Карта на Солунското кралство (1204) да се одбрани од епирските напади, затоа папата Хонориј Ⅲ (1216–1227) го зел под свој патронат. Одбраната на градот му ја доверил на маркизот Гиј Палавичино, а организирал и крстоносна војна за одбрана на Солун (1224), која завршила без успех. Опсаден од Епирците, Солун му се предал на епирскиот владетел Теодор И Ангел (крајот на 1224). ЛИТ.: Б. Ферјанчиђ, Почеци солунске краљевине (1204–1209), ЗРВИ, Ⅷ/2, 1964; Д. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957; К. Аџиевски, Потчинување на Македонија од страна на Теодор И Ангел и формирањето на Солунското Царство, „Историја“, ⅩⅤⅠⅠⅠ/1–2, Скопје, 1982. К. Аџ.