СОЛУНСКИ ПРОЦЕС

СОЛУНСКИ ПРОЦЕС (20. Ⅲ – 5. Ⅵ 1917) – процес во кој Српскиот воен суд во Солун им судел на водачите на тајното здружение „Обединување или смрт“, под обвинение дека се обиделе да извршат преврат и атентат врз престолонаследникот Александар Караѓорѓевиќ. Седуммина од обвинетите биле осудени на смрт. Од нив тројца биле погубени, меѓу кои и полковникот Драгутин Димитриевиќ-Апис. По Втората светска војна судскиот процес бил обновен, а изречените пресуди биле укинати. ЛИТ.: Карло Сфорца, Никола Паши¢, Београд, 1991; Миливоје Алимпи¢, Солунски фронт, Београд, 1967. Д. Јов. Георги Солунски