СОЛУНСКИ ВИЛАЕТ

СОЛУНСКИ ВИЛАЕТ (1867–1912) – административно-територијална единица во Османлиската Империја, формирана во 1867 г., со центар во Солун. Во почетокот бил составен од санџаците: Солун, Тирхала, Серез и Драма. С“ до формирањето на Битолскиот (1873) и Косовскиот (Скопскиот) вилает (1877), во негов состав повремено влегувале и санџаците: Битола, Дебар, Елбасан и Скопје. Подоцна овој вилает бил составен само од три санџаци: Солун, Серез и Драма и се простирал исклучиво на македонската територија. Во 1885 г. во него живееле околу еден милион жители, од кои 51% биле муслимани, 45% христијани и околу 4% Евреи. Во состав на санџакот Солун влегувале вкупно 14 кази: Солун со нахиите Вардар и Каламарија; Ениџе Вардар со нахијата Караџа Абад; Бер со нахијата Агустос (Негуш); Катерини; Воден со нахиите Караџа Абад и Острово; Тиквеш; Велес со нахијата Богомила; Струмица; Дојран; Гевгелија; Аврет Хисар (Кукуш) со нахијата Кара Даг; Лангаза, Касандра со полуостровот Халкидик и Света Гора со 30 манастири. Санџакот Серез бил составен од 8 кази: Серез, Зихна, Демир Хисар, Петрич, Мелник, Неврокоп, Разлог, Горна Џумаја, додека во рамките на санџакот Драма влегувале само 4 кази: Драма, Правиште, Сари шабан и Кавала. Овој вилает постоел до крајот на османлиското владеење на Балканот. ЛИТ.: Селаник вилаѕети салнамеси, 10 дефа, Х. 1307 (1889/1890); Ýслам Ансиклопедиси, 104 цüз, Ýстанбул 1964, 337349–876; Дие Провинзен дес Османисцхен Реицхес вон Андреас Биркен, Њиесбаден, 1976; Ахмед Алициц, Уредба о организацији вилајета 1867 године, „Прилози за оријенталну филологију“, ⅩⅠⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ/1962/63, Сарајево, 1965. Др. Ѓ.