СОЛУНСКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

СОЛУНСКА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАЦИЈА (Солун, 24. Ⅶ 1909 – 1918) – легална партија што дејствувала за класно и синдикално обединување на османлискиот пролетаријат и за освојување на политичката власт. Нејзин пратеник во Османлискиот парламент бил Димитар Влахов. Ги издавала весниците „Работник“ и „Работнически весник“ на 4 јазици (турски, еврејски, грчки и бугарски). Соработувала со Интернационалното социјалистичко биро. ЛИТ.: Димитар Влахов, Мемоари, Скопје, 1970; Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив. Солун во османлискиот период