СОЛТЕР, Роберт Брус

СОЛТЕР, Роберт Брус (Роберт Бруце Салтер) (Онтарио, Канада, 15. ⅩⅠⅠ 1924) – ортопед-хирург, унив. проф. во Торонто (од 1986), академик. Дипломирал на Мед. ф. во Торонто (1947), а специјализирал ортопедија во 1955 г. Докторирал во 1957 г. и во истата година ја дизајнирал „пелвичната остеотомија“ за хируршко лекување на ацетабуларната дисплазија кај децата. Иноватор е на „континуираното пасивно движење“. Во 1962 г. ја развил Салтер-Харрис класификацијата на ортопедските повреди. Предавал како визитинг професор на 177 универзитети. Напишал повеќе од 110 научни трудови и бројни поглавја за книги. Добитник е на многу значајни награди. За член на МАНУ надвор од работниот состав е избран на 21. Ⅳ 1994. БИБ.: Пореметувања и повреди на мускулоскелетниот систем – вовед во ортопедија, скршеници и повреди на зглобовите, ревматологија, метаболни болести на коските и рехабилитација; Етиологѕ, патхогенесис анд поссибле превентион оф цонгенитал дислоцатион оф тхе хип, „Цанадиан Медицал Ассоциатион Јоурнал“,18, 98 (20), 1968, 933–45; М. Феррети, Р. Салтер ет алл., Анти-инфламаторѕ еффецтс оф цонтинуоус пассиве мотион он менисцал фиброцартилаге, „Јоурнал оф Ортхопаедиц Ресеарцх“, 23/5, 2005, 1165–71; ЦПМ: Фром оригинатион то ресеарцх то цлиницал апплицатионс, „Јоурнал оф Рхеуматологѕ“, 31/11, Новембер 2004, 2104–2106. Ѓ. З.