СОЛЕВ, Димитар

СОЛЕВ, Димитар (Велес, 24. Ⅴ 1930 – Скопје, 24. Ⅸ 2003) – раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, книжевен критичар, преведувач и општественик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил член на ДПМ (од 1956), член на СКМ (од 1956), член на Комисијата за култура на Претседателството на СКЈ, претседател на ДПМ и член на Македонскиот ПЕН центар. Исто така, бил уредник на сп. „Млада литература“, долгогодишен главен уредник на сп. „Разгледи“, уредник и директор на РТВ Скопје, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“ и советник во Извршниот совет на СРМ. Бил особено активен во книжевната конфронтација, застапувајќи се за естетски плурализам. Преведуван е на српски, албански, романски и руски јазик. БИБ.: Окопнети снегови, Скопје, 1956 (раскази); Крај пролеќа, Нови Сад, 1963 (раскази, на српски јазик); Под усвитеност, Скопје, 1957 (роман); Подужареним небом, Загреб, 1963 (роман, на хрватски јазик); По реката и спроти неа, Скопје, 1960 (раскази); Ограда, Скопје, 1963 (раскази); Кратката пролет на Моно Самоников, Скопје, 1964 (роман); Зима на слободата, Скопје, 1968 (раскази); Слово за Игора, Скопје, 1969 (раскази); Љуо вадис сцриптор?, Скопје, 1970, (есеи); Одбрани раскази, Скопје, 1970; Полжави, Скопје, 1975 (раскази); Дрен, Скопје, 1980 (роман); Одбрани раскази, Скопје, 1981; Зора зад аголот, Скопје, 1984 (роман); Црно огледало, Скопје, 1985 (раскази); Дрени, Схкуп, 1986 (роман, на албански јазик); Дублер, Скопје, 1988 (роман); Кружно патување на сенката, Скопје, 1988; Одумирање на државата, Скопје, 1990 (раскази); Промена на системот, Скопје, 1993 (раскази); Првата зима на слободата, Скопје, 1995; Мртва трка, Скопје, 1997 (роман); ќелав штурец, Скопје, 2001. Автор е и на повеќе радио и ТВ драми: Бамја или Хибискус есцулентус (1967); Патот на сенката (1968), Девственици (1969); Мртва стража (1969); Пушка в езеро (1996). С. Мл. СОЛЕЦКА, Марија Казимјера