СОЛДАТОВ, Никола

СОЛДАТОВ, Никола (Скопје, 25. ⅩⅠⅠ 1926 – Сремска Каменица, Србија, 2. Ⅺ 1989) – спортски новинар. Завршил гимназија во Скопје (1946) и учествувал во НОБ (од 1944). Во Радио–Скопје бил редактор и уредник на Младинската, Спортската и на други редакции, а бил и спикер, коментатор и радио–репортер (од 1946). Вршел преноси од голем број спортски натпревари и други манифеста-Никола Солдатов ции. Преминал во Спортската редакција на ТВ Скопје (1966– 1986). Извршил околу 1000 ТВ преноси од спортски и од други настани. Пишувал текстови за Куклениот театар, за „Остен“ и за радио–емисии. Д. С. Димитар Солев