СОЛАНА, Хавиер Франциско Мадаријада

СОЛАНА, Хавиер Франциско Мадаријада (Јавиер Францисцо Мадариада Солана) (Мадрид, Шпанија, 14. Ⅶ 1942) – шпански и европски политичар и дипломат. Универзитетски професор по физика. Во 1968 г., како социјалист, учествува во протестите во Шпанија против НАТО, а подоцна е Генерален секретар на НАТО (1995–1999), кога е извршена агресијата врз СРЈ. Висок претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика (од Европскиот совет во Келн, 3–4. Ⅹ 1999). Во ова својство остварува серија средби со институциите на Република Македонијаво текот на војната од 2001 г., во функција на нејзино завршување, а по неа во функција на стабилизирање на ситуацијата и градење мерки за доверба. На седницата на Наставно-научниот совет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Хавиер Солана Скопје на 11. Ⅴ 2006 г. е усвоен предлог да му биде доделена титулата „почесен доктор на политичките науки“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во знак на благодарност за тоа што го сторил за Република Македонијаво 2001 г. ИЗВ.: Архива на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје 2007. Т. Петр.