СОКОЛСКА ЖУПА ВО СКОПЈЕ

СОКОЛСКА ЖУПА ВО СКОПЈЕ (1923–1941) – асоцијација основана од делегати на пет соколски друштва, кои избрале: Управа со старешина – Тодор Живковиќ, полковник, Јарослав Вошта – начелник, Лазар Докиќ – секретар, Рудолф Вошта – благајник, Суд на честа и Просветен одбор. Територијата на Жупата ја опфаќала Вардарска Македонија, Косово и дел од Јужна Србија. Подоцна е наречена Соколска жупа „Кралевиќ Марко“ во Скопје (1925). Управата се ангажирала за зголемување на бројот на соколските друштва и на членството, набавка на справи и реквизити, изградба на соколски домови во Скопје и во другите градови, оспособување на стручни кадри, учество и организирање на жуп-ски и покраински слетови и други манифестации. Д. С.