СОКОЛОВ

СОКОЛОВСКА, Викторија (Сјеница, Србија, 14. Ⅺ 1931) – археолог. Завршила Филозофски факултет во Белград, Група за археологија (1954). Работи во Археолошкиот музеј во Скопје (од 1955). Докторирала од областа на античката археологија во Бел-град (1984). Од 1991 до 1995 е директор на Музејот на Македонија. Ја проучува античката историја на Пајонците во доменот на материјалната и духовната култура; се занимава со проучување на античката скулптура и керамиката и покренува прашања во врска со лоцираноста на античките племиња и на градовите и езерата. Врши ископувања во Стоби, Демир Капија, Дојран, Тетово, Жданец–Скопје, а особено систематски го истражува античкиот град кај Марвинци – Гевгелија. БИБ.: Исар-Марвинци и Повардарието во античко време, Скопје, 1986; Античка скулптура во СР Македонија, Скопје, 1987; Пајонското племе Агријани и врските со Дамастион, МАА, 11, Скопје, 1990, 9–34. В. Б.-Гр.