СОКОЛОВ(ИЌ)-ЉАМЕВ

СОКОЛОВ(ИЌ)-ЉАМЕВ, Глигор (с. Небрегово, Прилепско, 17. И 1870 – Прилеп, 29. Ⅶ 1910) – учесник во Илинденското востание и српски четнички војвода. Четник во четата на С. Павлов во Кратовско (1897) и на М. Ацев во Прилепско (1901). Војвода на чета во Прилепско (1902). По Илинденското востание станал српски четнички војвода во Азот и во Порече. ЛИТ.: Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, т. 2, Софи®, 1983. Ал. Тр. Викторија Соколовска