СНАЈВЛИ, Каролина С

СНАЈВЛИ, Каролина С. (Снивелѕ Царолѕн С.) (Масилион, Охајо, САД, 1947) – археолог. Завршила Класични студии на Мичигенскиот државен универзитет (1969). Магистрирала на Универзитетот „Тексас“ во Остин во 1973, а во 1979 г. докторирала на темата „Ранохристијански базилики во Стоби“. Била член на екипа за истражување на Стоби (проект 1971–1981), консултант во ископувањата на Црквиште-Мородвис (1983–1989), кодиректор и раководител на истражувањата на Големо Градиште во с. Коњух (Проект на Музејот на Македонија и Гетисбург колеџот, 1998– 2006). Редовен професор на Одделот за класични студии на Гетисбург колеџот во Гетисбург. БИБ.: Интеррелатед Аспецтс оф Форм анд Фунцтион ин тхе Еарлѕ Цхристиан Цхурцхес оф Стоби, во: Ацтес де Ⅹ е Цонгрèс Интернатионал д’Арцхеологие Цретиенне, Тхессалониљуе, 1980; Арцхаеологицал Инвестигатионс ат Конјух, Републиц оф Мацедониа, ин 2000, „Думбартон Оакс Паперс“, 56, 2002, 297–306. В. С. Иван Снегаров