СМУГРЕСКИ, Нове Неданов

СМУГРЕСКИ, Нове Неданов (с. Обршани, Прилепско, 1866 – Мечкин Камен, 13. Ⅷ 1903) – учесник во Илинденското востание како селски војвода. Предводел селани од родното село Обршани во четата на војводата Питу Гули. Бил помошник-знаменосец во четата на Питу Гули на Мечкин Камен, каде што херојски загинал со востаниците и војводата. ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско, Крушево, 1978. Ал. Тр. Каролина Снајвли