СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев

СМУГРЕСКИ, Диме Јанкулев (с. Обршани, Прилепско, 1871 – с. Обршани, 2. Ⅵ 1906) – учесник во Илинденското востание, селски војвода. Бил член на ТМОРО (1896). Во Илинденското востание предводел селска чета од 40 востаници во одредот на војводата Тодор Христов-Офицерчето. Се истакнал во битката на Слива (13. Ⅷ 1903). ЛИТ.: Историја на Крушево и Крушевско, И, Крушево, 1978. Ал. Тр.