СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ

СМРТНАТА КАЗНА ВО ДФМ/ НРМ/СРМ/РМ – кривична санкција за најтешките кривични дела против народот и државата, социјалистичкото самоуправно уредување и безбедноста на државата, против безбедноста и меѓународното право, против вооружените сили и во случај на повеќекратно убиство. Во периодот од 1978 до 1988 г. во СР Македонија се изречени 12 смртни казни, од кои само две се извршени, а 9 се заменети со 15, односно 20 години затвор; само во еден случај осудениот е помилуван. Последната смртна казна е извршена на 29. Ⅲ 1988 г. Смртната казна е укината со Уставот на Република Македонијаод 1991 г. Изв.: Архива на Врховниот суд на Република Македонија, Скопје. Гор. Л.-Б.