СМРДЛИКА

СМРДЛИКА (СМРДЕШ) (Пистациа теребинтхус Л., фам. Анацардиацеае) – листопадна грмушка до мало дрво од Медитеранот и Субмедитеранот. Има сложени, непарно перести листови. Дводомен вид, цветовите се собрани во метлести соцветија. Плодот е мала, металносива косличка. Содржи смолни канали и смола во вегетативните делови. Единечна или групна примеса во поизразито термофилните шумски заедници. Ал. Анд.