СМОКВАРСКИ, Глигор

СМОКВАРСКИ, Глигор (с. Будинарци, Беровско, 8. В1914 – Скопје, 15. Ⅲ 1974) – композитор. Претставник на Втората генерација македонски композитори. Се школувал во Военото музичко школо во Вршац. Најнапред бил кларинетист во Симфонискиот оркестар, а потоа и композитор и педагог. Во историјата на македонската музика ќе остане забележан како автор на првиот македонски балет „Македонска повест“ (1952). Покрај тоа, напишал уште низа оркестарски композиГлигор Смокварски ции и други дела, педесетина композиции за камерни состави, за хорски ансамбли, како и голем број обработки на народни песни за симфониски оркестар. Пишувал и музика за филм. Се занимавал и со мелографија на народни песни. Во своето творештво главно се инспирирал од богатиот македонски фолклор. Во текот на својот живот извршувал и други важни функции (прв секретар на СОКОМ и др.). Делата на С. можат да се сметаат како битно скалило во развојот на македонското музичко творештво. Поголемиот дел од нив во последната деценија на ⅩⅩ век имаа своевидна ренесанса, и се снимени и издадени на носачи на звук. ДЕЛ: Македонска повест, балет (1952); оркестарски композиции и други дела: Фантазија бр. 1 (1945), Скерцо (1951), 11 Октомври, симфониска поема (1955), Рапсодија бр. 1 (1956), Стихија, симфониска поема (1970), Болен Дојчин, балет во три чина (1971); композиции за камерни состави: Гудачки квартет (1954), Дувачки квинтет (1974); за хорски ансамбли и др.; музика за филм („Селскиот учител“, 1953; „Фрески“, 1957). М. Кол.