СМИЧКОВ, Георги

СМИЧКОВ, Георги (Прилеп, втора пол. на ⅩⅠⅩ в. – прва пол. на ⅩⅩ в.) – македонски мелограф и музички деец. Еден од седумтемината македонски мелографи на народни песни од крајот на ⅩⅠⅩ в. Неговите трудови се печатени во софиските зборници на народни умотворби (1890–1900). Заедно со А. Бадев, тој е еден од основачите и диригент на Градското пеачко друштво во Прилеп (1879). Др. О. Смокви