СМИЛЕВСКИ, Кузман

СМИЛЕВСКИ, Кузман (с. Тресонче, 1924) – контраадмирал на ЈНА. Пред Втората светска војна бил ученик. Од 1944 г. се вклучил во НОВМ и станал член на КПЈ. Во војната бил политички комесар на чета и на баталјон, а потоа помошник на политички комесар на бригада. Ја вршел должноста началник на одделение во армијата и во ССНО, началник на катедра во ВМ и во ВВА. Завршил Виша воена поморска академија на ЈНА. Од 1973 г. е во пензија. ЛИТ.: Војни лексикон, Београд, 1981. В. Ст. Цветко Смилевски СМИЛЕВСКИ, Цветко Венчов