СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС

СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС (с. Смилево, Битолско, 19. Ⅳ / 2. Ⅴ- 24. Ⅳ / 7. Ⅴ 1903) – конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО. На него учествувале 32 делегати, под претседателство на Дамјан (Даме) Груев. За обезбедување на Конгресот биле ангажирани околу 2000 вооружени лица; на пристапите кон Смилево биле поставени засилени стражи, местото го обезбедувала селската милиција, а врските со револуционерните центри ги одржувала курирска служба. Бил усвоен Востаничкиот дисциплински устав (20. Ⅳ / 3. В) и била воспоставена структура од воени и од управни тела и биле определени нивните должности до и во времето на Востанието. Органите на МРО во градовите и во селата добиле функција на заднински органи: да извршуваат разузнавачка дејност (за концентрацијата и за движењето на непријателските сили), да Факсимил од планот за Илинденското востание, усвоен на Смилевскиот конгрес (мај 1903) го одржуваат моралот кај народот и да му влеваат сигурност, да обезбедат згрижување на неборечкото население од реоните на борбените дејства; да се пренесува оружје, муниција и други борбени средства, нивно складирање во тајни складишта и обезбедување; снабдување и создавање резерви од храна, облека, обувки, санитетски материјали и други потреби за востаниците. Селските домаќинства биле задолжени да обезбедат жито за исхрана на востаниците. При крајна потреба била предвидена реквизиција со издавање документ за надомест по ослободувањето од македонската држава. Уставот го регулирал статусот на востаникот, обврзан со заклетва да ги брани интересите на својата татковина Македонија <до последна капка крв.“ Конгресот донел одлука за кревање општо востание и за начинот на неговото водење. Со тајно гласање избрал Главен востанички штаб во состав: Даме Груев, Борис Сарафов и Анастас Лозанчев. Главниот штаб бил ополномоштен да го определи денот и времето за започнување на востаничките дејства. ЛИТ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Ⅱ, Скопје, 1981; Манол Пандевски, Програмски и статутарни документи на Внатрешната македонска револуционерна организација (1904-1908), Скопје, 1998. М. Мин. Блаже Смилевски