СМИЛЕВСКИ, Гоце

СМИЛЕВСКИ, Гоце (Скопје, 20. Ⅳ 1975) – раскажувач, романсиер. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје (Студии по општа и компаративна книжевност), а магистрирал на Катедрата за Гендер Студиес на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Особено со второто дело постигнува голем успех, кое, преведено на неколку јазици, му носи репутација на еден од најталентираните автори во поновата македонска литература. Гоце Смилевски БИБ.: Планетата на неискуството, 2000; Разговор со Спиноза, 2002. П. Гил.