СМИЛЕВСКИ, Веле

СМИЛЕВСКИ, Веле (Ново Се-ло, Демирхисарско, 6. Ⅴ 1949) – поет, есеист, литературен критичар и научен работник. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што и докторирал. Работи како научен советник во Институтот за македонска литература и е вонреден професор на Студиите по новинарство. Бил претседател на СВП и претседател на ДПМ во два мандата. Главен уредник е на списанието „Синтези“. БИБ.: Слика што согорува, поезија, 1974; Кафез, поезија, 1978; Диши длабоко, поезија, 1985; Аспекти на македонската книжевност 1945-1985, докторска дисертација, 1993; Педесет песни, 2000; Новинарски лексикон, 2001; Есеи, 2002. ЛИТ.: Р. Силјан: Поетскиот идентитет на В. Смилевски, во книгата Македонска поезија, 2001. П. Гил.