СМИЛЕВСКИ, Блаже

СМИЛЕВСКИ, Блаже (с. Лазарополе, 16. Ⅷ 1935) – лекарспецијалист, новинар и публицист. Основно образование завршил во родното село, а потоа средно медицинско училиште и Медицински факултет во Скопје (1964). Подоцна завршил и две специјализации, како еден од првите специјалисти во Македонија по спортска медицина (1973) и прв специјалист во Македонија по воздухопловна медицина (1975). Тој е еден од основоположниците на МТВ, македонското телевизиско новинарство и еден од основополжниците на Научната програма на МТВ, од соработник до одговорен уредник. Во МРТВ (1967–1998) реализирал голем број серии, репортажи, патеписи и сл. од областа на науката и образованието, посебно од историјата и географијата („Виа егнациа“, „Со чамци по Вардар“, „По долината на Треска“, „По текот на Црни Дрим“ и др.), како и првата ТВ „Македонска енциклопедија“ со повеќегодишно емитување. Пројавил и богата публицистичка дејност. БИБ.: Самопреглед на дојка, Скопје, 1975 (медицинска студија); Срцепис за Лазарополе, 1995, Скопје; Црквата „Свети Ѓорѓија“ во Лазарополе, Скопје, 1996; По долината на Радика, Скопје, 1998 ; Движи се, за да не заборавиш да одиш, Скопје, 2000; Тешкото од Лазарополе, Скопје, 2006. С. Мл. Веле Смилевски