СЛУЧАЈОТ СИДИРОПУЛОС И ДРУГИТЕ ПРОТИВ Р

СЛУЧАЈОТ СИДИРОПУЛОС И ДРУГИТЕ ПРОТИВ Р. ГРЦИЈА – случај пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, поведен со жалба доставена до Комисијата на 16.Ⅺ 1994 г. од група граѓани, припадници на македонското малцинство во Р Грција (Христос Сидиропулос и други), против Р Грција поради повреда на правото на правично судење, слободата на мислата, совеста и вероисповедта, слободата на изразувањето, слободата на мирно собирање и здружување и забраната на дискриминација. Судот констатира повреда на слободата на здружување и ја задолжува Владата на Р. Грција во рок од 3 месеци на апликантите да им исплати 4 мил. драхми. ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Случајот Христос Сидиропулос и другите против РГ пред органите во Стразбур, „Безбедност“, бр. 4, Скопје, 1999. Т. Петр.