СЛОПИМ

СЛОПИМ – средновековно утврдување во Македонија. Византискиот император Алексиј И Комнин тука (1106) се подготвувал за борба против Норманите. Се лоцира кај с. Слопинци, на околу 77 км од Солун, јужно од Гевгелија, од десната страна на р. Вардар, на влезот на реката во Циганската Клисура. ЛИТ.: Т. Томоски, Белешки за неколку малку познати места во средновековна Македонија. Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ.