СЛОВЕНЕЧКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

СЛОВЕНЕЧКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Почетоците се главно од половината на ⅩⅠⅩ в., но посебен поттик им дава учеството на словенечкиот доброволец Мирослав Хубмаер во организирањето и водењето на Кресненското востание (1878–1879), како и интересот за македонската дијалектологија и воопшто за македонското прашање на филологот Ватрослав Облак („Мацедонисхе студиен“, Њиен 1896), ставовите на Хенрих Тума – социјалист, политичар и публицист („Наши записки“, Љубљана 1912) и активностите на Терезина Јенкова, која во времето на Илинденското востание патува во Софија за да се запознае со вистинската состојба, а по враќањето иницира формирање комитет (4. ⅩⅠⅠ 1903) со широка промакедонска активност, кога и АШКЕРЦ пишува стихови за Македонија. Република Македонијаја признава РСЛ на 11. Ⅱ 1992 г., а РСЛ ја признава Република Македонијана 12. Ⅱ 1992 г. РСЛ е првата држава со која Република Македонијавоспоставува дипломатски односи (17. Ⅲ 1992). Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на РСЛ во Република Македонијае Јожефа Пухар. Прв вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонијаво РСЛ е Димитар Мирчев. Во 2005 г. РСЛ отвора конзулат во Битола. ЛИТ.: Христо Андонов-Полјански, Македонија и Словенија, Скопје, 1978; истиот, Одгласот на Илинденското востание сред југословенските народи, Одбрани дела, 5, Скопје, 1981; Ахил Тунте, Република Македонија – прва декада (1990–1999), Скопје, 2005. Т. Петр.