СЛОВА НА СВ

СЛОВА НА СВ. ЕФРЕМ СИРИН – македонски ракопис од втората четвртина на ⅩⅣ в. Фрагменти од ракописот се наоѓаат во повеќе библиотеки под различни библиотечни ознаки. Најголемиот дел е од манастирот Дечани, бр. 77 (од него е откинат 1 л. и од 1956 год. се чува во Нар. библ. на Србија, РС 426). Во РНБ во Санкт-Петербург се чуваат под сигн. Гиљф. 20 (првиот дел се Словата на св. Е. Сирин) и Гиљф. 60. В. Д.