СЛАТИНА

СЛАТИНА (с. Зелениково) – неолитска населба лоцирана на тераса над старото корито на р. Вардар. Евидентирани се културни слоеви од средниот и од доцниот неолит, хронолошки паралелни со Анзабегово – Вршник Ⅱ-Ⅳ. Според доцнонеолитскиот слој е дефинирана како културна група Зелениково Ⅱ. Откриени се куќи со калотести печки и огништа, како и богати керамички наоди: садови, грнци, аскоси, чинии, пехари, амфори; култни предмети – жртвеници, антропоморфни и зооморфни статуетки и др. ЛИТ.: Р. Галовиќ, Зелениково, „Зборник Народног музеја“, В, Београд, 1967, 127; М. Гарашанин – Г. Спасовска, Нови ископувања во Зелениково кај Скопје, „МАА“, 2, Прилеп, 1976, 85; М. Гарашанин – М. Билбија, Куќа 1 во Зелениково, „МАА“, 9, Скопје, 1988, 31–41. Д. З.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.