СЛАНЕВА, Јагода

СЛАНЕВА, Јагода (Скопје, 2. Ⅹ 1949) – балерина и кореограф. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје (во класата на Ј. Мјачин). Член е на балетскиот ансамбл при МНТ (1962-1992) како солистка, а од 1974 г. и првенка. Изразито лирска балерина, со емотивна експресивност во креирањето на улогите. Од 1986 г. се занимава со кореографска дејност. УЛОГ: ширин (А. Меликов, „Легенда за љубовта“), Марија (Б. Асафјев, „Бахчисарајска фонтана“), Јулија (С. Прокофјев, „Ромео и Јулија“) и др. КОРЕОГРАФИИ: „Мансарда“ (З. Ориѓански), „Силјан повторно лета“ (Љ. Бранџолица) и др. Ем. Џ.